Што е Лугархија?

Лугархија претставува месечниот eZine кој од месец октомври 2008г. треба да започне со редовно издавање.
На „Лугархија“ може да се гледа како на магазин во кој ќе бидат разгледувани тематики околу слободниот софтвер, развој на софтвер, активизам и идеологија. Во обид да се рашири зборот за него, ќе биде печатен ограничен број примероци од секое издание кој најверојатно ќе биде разделен по средните школи во Битола, а по потреба и во други градови низ Македонија.
Зинот има за цел да Ве информира и едуцира, од два аспекти. За тоа што се случува во светот на слободниот софтвер, како да реализирате конкретни задачи (Упатства), и за активностите на Лугола. Исто така една од најглавните идеи е преку овој е-магазин да ги мотивираме младите потенцијални хакери од нашето поднебје да се придружат на движењето за слободен софтвер, каде што со веќе активните членови ќе можат да разменуваат мислења идеи и да добиваат помош за најразлични тематики. Со оглед на тоа што фанзинот ќе биде само-спонзорирана идеја, ќе гледаме да заштедиме колку што е можно повеќе на печатење и време, значи не очекувајте којзнае колку голем квалитет на дизајнот и печатената верзија.