Како да пишувате?
Се обидуваме да бидеме што поинформативни. Пишувајте содржини кои сакате да ги читаат другите. Секако од областа на слободниот софтвер и слободната и хакерска култура, IT совети, упатства и колумни кои сакате да бидат ослободени од секторите на Вашиот диск. Така се обидуваме да не поставуваме правила за пишување, иако Ве советуваме да ги следите следните совети за поквалитетни содржини кои би сакале да се објават во магазинот:
- пишувајте на кирилично писмо (не фонт, системска кирилична поддршка);
- пишувајте за слободен софтвер, хакирање, слободна култура. Од тие области: упатства, совети, колумни и сл.
- пишувајте во Plain text формат. Сликите ставајте ги во подфолдерот каде што е текстуалната датотека (не испраќајте содржини во канцелариски формати како што е ОДФ;
- сметајте содржината да има над 600 збора. Но да не е и премногу; ако имате предолга содржина искористете го Викито;
За сите објавени содржини Лугола не плаќа хонорар. Секоја содржина ќе биде објавена под GNU /Free documentation license/ Лиценца за слободна документација. Зад сите мислења објавени во магазинот стои исклучиво авторот на текстот, тоа е негово мислење кое не мора да се поклопува со мислењето на останатите автори.
Ако имате текст испратете го на „info на lugola.net“ и ќе биде разгледан.
забелешка: со оглед на тоа што се согласувате текстот да биде објавен под GNU FDL, како таков имаме право да го адаптираме во согласност со идејата на магазинот, секако не менувајќи ја суштината на напишаното.