Мотото, зошто анархија?

Како име за магазинот Лугола се договори да биде Лугархија, комбинација од Лугола и Архија („Владеење на Лугола“ или „Лугола владее“ во буквален превод) — αρχία - владател. Зошто мотото на зинот е „дигитална анархија?“ Така испадна сосема случајно, никој од нас немаше идеја да воведува анархија како политички правец во движењето за слободен софтвер. Сепак, се дистанцираме од класификацијата на анархијата како безредие. Тоа може да е навредливо за лицата кои по политичката определба се чувствуваат како анархисти. Да се каже дека анархијата е безредие, па и да се каже „што ќе ни е безредие во слободниот софтвер“ е знак на незнаење.

Затоа, мотото зад зинот сфатете го како што Вам ви одговара. Ние Ви ги појаснавме термините и изведувањето на името.

Поддржано од: